Архив метки: Грција

Статья о Македонии, Албании и Косово (на македонском языке)

СПОРЕД ИСТОРИЧАРОТ МУХАМЕД ШЕМСАДИН МЕГАЛОМАТИС

Војна за Македонија ќе го уништи НАТО

Причина за војна на Балканот според Мухамед Шемсадин Мегаломатис е сонот на Албанците за Голема Албанија. Тука се вклучува и непризнавањето на македонската нација од страна на Бугарија и непризнавањето на уставното име од страна на Грција

 

 

Единствената причина за да избувне Балканска војна сега се движи околу Македонија. Причината за војна ќе бидат Македонија и Албанија. Ако ова сценарио се оствари, војната околу Македонија ќе биде гаранција за исчезнување на НАТО, смета Мухамед Шемсадин Мегаломатис историчар, Грк со турско потекло кој постојано јавно ги брани турското, македонското, влашкото, еврејското и останатите малцинства во Грција. Според него распадот на НАТО ќе предизвика проширување на буната на муслиманите во Европа.

Во текстот кој е објавен во викенд изданието на американскиот весник «Америцан Схроницле» стои дека во овој многу важен момент постојат луѓе кои работат меѓу тетовските Албанци за да ги втурнат кон сепаратизам. Тие ќе го збунат другото мнозинство од македонските Албанци што ќе доведе до голема нестабилност во Македонија и побунување на Албанците во западните делови од државата. Се очекува исламистичкиот огранок на тетовските Албанци први да го предизвикаат настанот. Другите ограноци на советници, ќе ја притискаат македонската држава да направи како што Србија направи во Косово 1998-1999 година, што значи дека брутално ќе одговори на евентуалните албански барања за автономија. По ова Албанија ќе ја нападне Македонија под изговор — да ги зачуваат Албанците од Тетово. Според историчарот се очекува националистичкиот огранок на Албанци од Тирана да го предизвикаат овој напад, а Македонија треба да започне преговори со овие групи на моќ во Тирана за да ги спречи нивното можно учество во вртлогот на војната.

«Бугарија ќе и достави ултиматум на Албанија, како бранител на Бугарите — мислејќи на Македонците чиј идентитет не го признаваат. Ако Албанија не го прифати ултиматумот, Бугарија уверена дека интервенцијата нема да ги загрози државите членки на НАТО — ќе проба да посегне прво по Скопје. Ова ќе предизвика појава на голема Бугарија» — стои во весникот, каде понатаму пишува дека постоењето на Македонија ќе биде дефинитивно избришано. Неспособни да најдат решение, Албанија и Бугарија ќе влезат во директна војна на македонско тло. Огромното турско малцинство на Бугарија пак ќе експлодира против Софија за да ја искаже нивната солидарност со албанските муслимани, така што Бугарија ќе започне војна против сите Муслимани на Балканот. Грција во војна ќе влезе како сојузник на Бугарија. Како сојузник на Албанија, Турција ќе ги нападне двете држави и на тој начин НАТО ќе престане да постои. Турската интервенција ќе ја спаси Албанија, и турскиот напредок ќе резултира со исчезнување на Македонија. Нови граници ќе бидат демаркирани меѓу Албанија, Бугарија и Грција на запад и Грција, Бугарија и Турција на исток.

Причина за ова според Мухамед Шемсадин Мегаломатис е сонот на Албанците за Голема Албанија. Тука се вклучуваат и барањата на Албанците за еднаков третман со Македонците во Македонија.
«За да ја избегнат македонските власти оваа непријатност треба да работат напорно и да развијат дијалог со албанското малцинство за да тие навистина да почувствуваат дека Македонија е земја и на нив исто така. Се додава и недостатокот на бугарското признавање на македонската нација како различна нација, поради бугарските соништа за голема Бугарија» — стои во американскиот весник.
Како причина за војна не се исклучува и грчкото неразбирливо одбивање да ја признае Македонија под уставното име и непризнавањето и угнетувањето на македонското малцинство во Грција.

(Б.З.)